ХОРОР ПОЖАР ВО ХРВАТСКА – Пожарникарите немоќни, огнената стихија се спушта кон лозјата во близина на брегот (ВИДЕО)

Хрватските пожарникари се уште се борат со страотниот пожар што нешто по 15 часот избувна во Чиово.

Пожарот се спушта кон морето, а огнената стихија не е под контрола, но пожарникарите засега успеале да ги заштитат куќите.

„Ситуацијата во моментов е дека сè уште има отворени пламени јазици, особено на југоисток каде што се најголемите пламени јазици, едно жариште се појави и во западниот дел. Воздухопловните сили го напуштија огненото подрачје и сега има 145 пожарникари со 45 возила Трамонтана е сè уште доста силна, па таму ги вложивме сите сили“, изјави шефот на Здружението на противпожарната бригада на Хрватска, Славко Туцаковиќ.

Вели дека куќите се безбедни и дека луѓето не се во животна опасност.

„Најблиску до пожарот е Слатино, но огнот се спушта кон морето. Луѓето се на земја и држат се под контрола. Канадерите доаѓаат веќе во 5:45 часот наутро“, изјави Туцаковиќ за Индекс.