ЦЕРЕМОНИЈА ВО МАЈАМИ- Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез се ожени со 31 година помлада манекенка (ФОТО)

0

Марк Ентони (54), поранешниот сопруг на Џенифер Лопез и модел Надија Фереира (23) се венчаа вчера во музејот Перез во Мајами, а на церемонијата присуствуваа бројни познати личности.

Меѓу нив се: Викторија и Дејвид Бекам, Салма Хајек, Малума, Луис Фонси и други. Надја носеше венчаница дизајнирана од Галија Лахав. Младенците сакале да ја зачуваат својата приватност, па медиумите не биле поканети, а досега на социјалните мрежи се објавени само неколку фотографии.

Инаку, Надја се занимава со манекенство од 2018 година. Таа носеше ревии за многу луксузни модни куќи, вклучувајќи ги Томи Хилфигер и Балмејн. Таа стана Мис Универзум Парагвај 2021 година. Таа се појави во списанијата „Elle“, „Harper’s Bazaar“, „Cosmopolitan“… Во мај 2022 година на својот Инстаграм профил објави дека Марк ја запросил.
Зад себе има три брака: со Дајана Торес (од 2000 до 2004 година), со Џенифер Лопез (од 2004 до 2011 година) и со Шенон Де Лима (од 2014 до 2017 година). Од бракот со Дајана ги има синовите Кристијан и Рајан, а со Џенифер близнаците Макс и Ема.