Црна Гора поплавена: Улиците и тротоарите на крајбрежјето се полни со вода, сообраќајот се одвива отежнато (видео)

Во Будва денеска наврна големо количество дожд, дури толку многу што го забави сообраќајот.

Поројни врнежи и грмежи има на брегот на Црна Гора, поширокото подрачје на Подгорица и Скадарското Езеро, јавува Инстаграм станицата hailz_srbija.

Тие наведуваат и дека конвективната облачност се шири кон југозапад од Србија.

„ На подрачјето на: Прибој, Пријепоље, Сјеница, Бродарево, Тутин, Нови Пазар, Дечан, Пеќ, Зубин Поток во следните 20 часа може да се акумулира дожд од 80 до 130 l/m². Засега најсилниот појас на врнежите се протегаат од Црна Гора, преку: Тутин, Пеќ, Лепосавиќ, јужните делови на Нови Пазар“, потенцираа оттаму.