Нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон државава и се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, особено нејзиниот источен дел, како и Кумановскиот регион, најавуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Проследена е со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и можна појава на град.
Од Уравата за хидрометеоролошки работи претходно известија дека поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.