Чавушоглу: Суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата

0

– Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу ја изврши својата граѓанска должност и гласаше на претседателските и парламентарните избори во земјата, јави агенцијата Анадолија.

Во придружба на неговата сопруга Хулја, тој гласаше во Аланија во провинцијата Анталија.

Чавушоглу посака гласовите на граѓаните во земјата и странство да бидат корисни за татковината и нацијата, за мир, стабилност и посилна Турција.

Според него, во изминатиот период политичарите кажале сè што имале.

– Понекогаш го кажавме она што требаше да се каже. Понекогаш можеби рековме и повеќе. Но, денес зборот го има нацијата. Ние велиме дека суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата. И веруваме во предвидливоста на нашата нација. Среќно уште еднаш,“, рече Чавушоглу.

Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за првпат ќе можат да гласаат повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.