13-годишно момче со секира и нож нападнало жена (57) и нејзиниот син (17) во село кај Зрењанин: Жената ја удрил по глава, момчето се бори за живот…

Брза помош синоќа околу 3 часот во Ургентниот центар вп Зрењанин донела мајка и син кои биле нападнати со секира и нож.

Според неофицијални информации, тие биле нападнати од тринаесетгодишно момче. Нападот се случил во село во општина Нова Црна.

Според неофицијални информации, мајката (57) се здобила со повреди на главата при удар со секира и итно била пренесена во Клиничкиот центар во Војводина, додека синот (17) се здобил со повеќе убодни рани во пределот на градниот кош и во пределот на главата. Лекарите се борат за неговиот живот.