ГОЛЕМА СЕНЗАЦИЈА ВО НАЈАВА – Дали ова ќе биде ‘кам-бек’ на векот: Марија Шарапова се враќа на теренот !?

Руската тенисерка Марија Шарапова би можела да се врати на теренот по повеќе од три години.

Така барем прогнозираат некои руски медиуми, анализирајќи ги последните потези на нивниот најдобар рекет на сите времиња.

Марија Шарапова се пензионираше пред три години, се породи минатото лето, го доби синот Теодор со сопругот Александар Гилкс, милионер од Велика Британија, добро инвестираше пари во различни бизниси и сега можеби фантазира да се врати на теренот повторно.

Марија Шарапова во последните месеци повторно почна да се појавува во тениските кругови. Таа беше на турнирот во Монтреал, ангажирана во борбата против нееднаквоста во висината на наградните средства за тенисерите… “, истакнуваат медиумите од Русија.

Марија Шарапова
Марија Шарапова

Големата Русинка повторно почна да вежба.

Се враќам на редовните тренинзи. Повторно вежбам бидејќи силно тело е силен дух“, објасни таа на социјалните мрежи за својата активност во теретана без да ги открие причините за враќање на физичките активности.

Марија Шарапова има 36 години, а нејзината најголема ривалка Серена Вилијамс била на истата возраст кога се вратила на теренот по породувањето. Таа не освои ниту еден Грен Слем, но одигра неколку големи финалиња.