Ѓумбирот е една од најмоќните билки и може да помогне кај некои чести проблеми. Иако се произведува во Азија и потребни се до 10 месеци за жетва на еден корен, не е некаков проблем да го најдете во кој било дел од светот во текот на целата година. Всушност, сè повеќе експерти на дневна доза препорачуваат да користите ѓумбир, особено во облик на топол чај.
Вкусниот топол пијалак од ѓумбир ќе ви го затопли телото и ќе ви помогне да ги надминете сите настинки кои следуваат во постудениот период. Неговата подготовка е едноставна:
Исечете 3-4 тенки ленти свеж ѓумбир и ставете ги во 400 милилитри зовриена вода. Покријте го садот и оставете го да стои 10-ина минути додека да добие боја.
Четвртина шолја изрендан ѓумбир додајте го во еден литар зовриена вода. Варете 4 минути на тивко, а потоа процедете ја течноста во чаши.
Чајот од ѓумбир го зајакнува телото и имунитетот и го забрзува оздравувањето ако сте настинати. Ги смирува мачнините во желудникот. Ја поттикнува работата на цревата и го намалува чувството на надуеност. Ја поттикнува циркулацијата.
Ѓумбирот е подеднакво добар лек како за телото, така и за умот. Ги подобрува концентрацијата и паметењето, го храни организмот и го поттикнува ослободувањето на енергија, но токму поради овие особини, не е препорачливо негово консумирање навечер, бидејќи може да предизвика несоница.