Трик со кој ќе ги одмаглите прозорците на автомобилот за неколку секунди

Кога наутро ќе седнете во вашиот автомобил, позната ви е сцената на замаглени прозорци и времето кое го трошите за да ги одмаглите.

Меѓутоа, постои трик со којшто ќе заштедите време, а веруваме и нерви. На социјалната мрежа ТикТок се појави интересно видео кое објаснува како да ги одмаглите прозорците за многу пократко време од вообичаено.

Прво нешто што треба да направите е да го вклучите греењето во автомобилот на максимална температура за да обезбедите топлина која треба да стигне до вашите прозорци. Потоа, вклучете го клима уредот којшто ќе го исуши воздухот во автомобилот, што е клучен чекор за побрзо одмаглување на прозорците.

Кога ќе го вклучите клима уредот, исклучете ја циркулацијата на воздух. Копчето за циркулација ќе го препознаете така што на него ќе видите икона на автомобил со стрелка свртена наназад. На крај, малку отворете го прозорецот од автомобилот и ќе забележите дека вашите стакла за кратко време се одмаглени.