ЗЕМЈАТА ВО ЈАПОНИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ТРЕСЕ – Два силни земјотреси во последните два часа, најсилниот регистриран со јачина од 5,1 степени

Тлото во Јапонија продолжува да се тресе по разорниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што островската држава ја погоди на 1. јануари, а денес се регистрирани два силни потреси во изминатите два часа.

Според веб-страницата EMSC, земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на западниот брег на островот Хоншу во Јапонија во 08:16 часот. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Вториот земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Хокаидо во 08:38 часот. Тој бил на длабочина од 200 километри.

Да потсетиме, на 1. јануари разорен земјотрес ја погоди централна Јапонија, а според последните податоци загинаа повеќе од 80 луѓе.

Премиерот на ЈапонијаФумио Кишида, побара да се направат максимални напори за да се спасат што повеќе животи во првите 72 часа по земјотресот со јачина од 7,6 степени, бидејќи по 72 часа драстично се намалуваат шансите за преживување на жртвите.