Израелската армија го обвини Иран дека го испратил дронот во Израел

– Израелската војска денеска соопшти дека се чини дека Иран стои зад лансирањето на дронот соборен во израелскиот воздушен простор.

Хеликоптери и борбени авиони на израелските воздухопловни сили вчера полетаа за да го пресретнат дронот кога тој навлезе на израелска територија од Сирија.

Во инцидентот немаше жртви, но тензијата меѓу двата најголеми непријатели се зголеми уште повеќе, се додава во военото соопштение.

Дронот бил пресретнато кусо време откако иранските државни медиуми објавија за смртта на иранскиот воен советник кој во петокот беше ранет во израелски воздушен напад на периферијата на Дамаск.