Четири лица повредени во сообраќајка на патот Штип – Неготино

0

 Четири лица се повредени од кои едно потешко во собраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Штип – Неготино помеѓу патничко моторно возило “пежо 407“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(45) од Штип и патничко возило кое го напуштило местото на настанот.

Како што соопшти МВР, сообраќајкната несреќа била пријавена во 20.00 часот, а повредените биле пренесени во штипската болница.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Ш., а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(42), М.М.К.(29) и уште една малолетна сопатничка, сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.