Човек изел пур пена што се користи за изолација! Лекарите останаа без зборови, еве што му открија во стомакот

Маж (45) јадел пур пена и во таа прилика му била прободена слузницата на стомакот.

Маж за малку ќе го загубил животот и се здобил со рани на стомакот откако изел пур пена. 45-годишникот, кој не е именуван, итно бил пренесен во Јужна Кореја на операција поради силни болки во стомакот откако намерно ја изел пената.

Оваа пена се користи за изолација, фиксирање и изолација околу вратите и прозорците, пополнување на пукнатини и празнини во изолационите материјали, како и пополнување празнини околу цевките во ѕидовите.

Утврдено е дека материјалот ја прободел чувствителната лигавица на желудникот , што резултирало со мачна болка која барала хируршка поправка. По процедурата , пациентот бил задржан во одделението две недели, пред да биде испратен дома.

За среќа, тој не претрпел долгорочни ефекти од консумирањето на пената. Бизарниот случај го откриле лекарите од Националниот универзитет Кјунгпук во списанието „Клиничка токсикологија“.

Опасна по живот перфорација на желудникот може да се појави по голтање полиуретанска пена. Лекарите ги предупредија сите и рекоа дека овој пациент имал среќа да преживее. 

Оттаму додаваат дека голема е веројатноста пената да е потрошена бидејќи има некое психичко пореметување поради кое постои голем нагон за консумирање на материјали што не се јадат.