НОВА ВООРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА ВО “ИСТ ГЕЈТ МОЛ“ – МВР потврди дека две лица се повредени, а мета на напад наводно повторно бил Раде Трајковски – Штекли – лице кое се ‘поврзуваше’ со убиството на Мартин Јанушев !?

Две лица се повредени, откако врз нив се пукало попладнево во трговскиот центар East Gate Mall (Ист Гејт Мол).

Според првичните информации, тие се пренесени се во болница за укажување помош.

Како што потврди Министерството за внатрешни работи, полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (24.10) од трговскиот центар East Gate Mall (Ист Гејт Мол) во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Според неофицијални и непотврдени информации, мета на вооружената пресметка во шопинг молот било лицето Раде Трајковски – Штекли.

Раде Трајковски – Штекли

За потсетување, на 25. август годинава во East Gate Mall исто така имаше пукање предизвикано од мафијашка пресметка, а како и денес, и тогаш мета на вооружена пресметка беше лицето Раде Трајковски – Штекли.

Раде Трајковски – Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев во Скопје. Тој пред две години беше екстрадиран по апсење во Србија и беше предаден на македонските власти по што беше спроведен во Истражниот затвор „Шутка“.