ХАБИБ ОДБИЛ НЕРЕАЛНО БОГАТСТВО ПОРАДИ МАЈКА СИ: Му понудиле кули и градови! Не сакал да го прекрши зборот

Хабиб Нурмагомедов пред точно три години ја заврши кариерата со скор од 29 победи без ниту еден пораз.

Беше на врвот на кариерата и многумина беа изненадени од неговата одлука.

Последната борба ја имаше на 24 октомври 2020 година, кога го „задави“ Џастин Готје. Потоа објави дека се повлекува ја наведе и причината.

„И ветив на мајка ми по смртта на татко ми дека ова ќе биде мојата последна борба“.

Многумина оттогаш се обидоа да го вратат Хабиб. Му понудиле нереални бројки, но тој не сакал да го прекрши зборот на мајка си.

„Кога си најдобриот борец на светот, кога си доволно силен, кога имаш пари и кога си познат, тешко е да се каже не на такви работи. Не е лесно да одбиеш понуда од 20 , 30, 40 милиони долари. Но, за мене не е се во парите. Дека „Не ми е најважно. Не е лесна одлука, но ако веќе сум одлучил, тоа е крајот на приказната. “ изјави Хабиби.