250 евра месечно: Погледнете стан од 7 квадрати во кој има се што може да му треба на еден самец (Видео)

Во седум квадрати имало место за мини бања со туш и WC шолја и за кујна во која има мијалник и простор за складирање.

Цените за изнајмување станови во јапонската престолнина се исклучително високи. Затоа се популарни малите станови кои можат да се најдат за 250 евра месечно.

Еден од овие микро-апартмани е во сопственост на Јутјубер по име Усуи, кој живее на само седум квадратни метри во Токио. Својата секојдневна рутина ја објавува во видеа на каналот A Micro Apartment Life.

Иако има ограничен простор на располагање во станот, има се што му треба за живеење, тврди Усуи. Најголемата соба во станот е неговата спална соба со кревет, која вклучува и биро со стол и машина за перење.

Во седум квадратни метри има простор за мини бања со туш и WC шолја и за кујна која вклучува мијалник и простор за складирање. Кога сака да зготви нешто посебно, ја користи индукциската плоча за да подготвува оброци. Повеќето оброци ги јаде надвор.

Усуи не само што живее во овој мал стан, туку и работи надвор од него. Секое утро седнува на маса и работи на компјутер до доцна навечер.

Месечната кирија за станот е 39.000 јени или околу 250 евра.

Како изгледа еден ден во микро-стан од 7 метри квадратни погледнете во видеото подолу.