– Шведски и кавадаречки средношколци пошумуваа кај одморалиштето Михајлово, информираа попладнево од Земјоделско-шумарското училиште ,,Ѓорче Петров” од Кавадарци.
– Домаќини сме на нашите пријатели од Шведска, до петок. Ни гостува група на ученици од нашето пријателско средно училиште „Курт Николин Гимнасиет“од Шведска. Успешната соработка продолжува и оваа година. Учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ се дружеа со своите врсници и тоа на две локации, соопштија од училиштето.
Првиот дел бил предвиден за претставување и разгледување на училиштето, а потоа и заеднички забавни игри во спорстката сала.
– Во Михајлово беше изведена заедничка акција на пошумување, во нашата наставно-научна шума. Гостите беа воодушевени од убавините на Михајлово. Вредно работеа, а потоа следуваше заеднички ручек во ресторанот на одморалиштето и повторно забавни игри. Дружењето продолжи во заедничкиот автобус со кои патуваа, а ќе продолжи и во наредните денови во училиштето и надвор од него. Им посакуваме пријатен престој на нашите гости. Се надеваме дека ќе бидеме добри домаќини, како и секогаш, нагласија од училиштето.