‘ШОКАНТНО!’ – Обединетите нации објавија застрашувачки бројки: “Русија е виновна за убиството на 136 деца во Украина во 2022 година, Украинците убиле 80 од нив!“

0

Обединетите нации ја обвинија Русија за убиство на 136 деца минатата година за време на воената агерсија против Украина, според внатрешен извештај во кои имал увид весникот dpa во Њујорк во четвртокот.

Генералниот секретар на ОНАнтонио Гутереш рекол дека е „згрозен“ од убиствата. Во извештајот се наведува и дека 80 деца биле убиени од украинските воени сили.

Руската Армија е вклучена во списокот на ОН на организации кои вршат сериозни прекршувања врз децата во вооружени конфликти. Според списокот на ОН, минатата година во Украина биле убиени вкупно 477 деца, од кои 136 им се припишуваат на руските воени сили и сојузници, а 80 на украинските војници.

Ниту една од двете завојувани страни не може со сигурност да се обвини за преостанатите жртви. Во воздушните напади најчесто биле убиени деца, се наведува во извештајот што го објави dpa.

Ваквите напади руските воени сили ги вршат врз украинските градови и села. ОН нагласија дека има голем број непријавени случаи поради строгите упатства за проверка на ваквите случаи.

Посебно сум шокиран од големиот број напади врз училишта, болници и заштитен персонал, како и од големиот број убиени и осакатени деца, кои им се припишуваат на руските воени сили и поврзаните вооружени групи“, изјавил Антонио Гутереш.

Антонио Гутереш исто така изразил загриженост за акциите на украинските воени сили.

Минатата година ОН документираа вкупно 92 случаи на деца, од кои повеќето биле користени како жив штит во Украина. Според извештајот, Русите биле одговорни за сите овие случаи освен еден.

Од вкупно 751 напад врз училишта и болници, 480 се извршени од руската Армија и нејзините сојузници, а 212 напади се припишуваат на украинските вооружени сили, додека останатите случаи се непознати.