Шпагети „милион долари“ – моментално најпопуларното јадење во светот

Иако постојат многу рецепти за одлични тестенини, овој навистина се издвојува.

Потпечените тестенини, поточно шпагети, наречени „милион долари“ во моментов се најпопуларниот рецепт во светот кој буквално го освои TikTok.

Состојки:

500 гр мелено говедско месо

1 кромид ситно сечкан

1 пиперка

1 лажичка кромид во прав

две чешниња лук

1 пакување шпагети (околу 400 грама)

1 конзерва сос од домати

2 лажици путер

2 шолји полномасна павлака

2 шолји пармезан

2 шолји моцарела сирење

сол и бибер по потреба

Подготовка:

Додека се варат шпагетите, во посебно тенџере се динстаат кромидот, биберот, зачините и меленото месо. Кога месото е готово, додадете ги доматите и динстајте уште 15 минути.

Во друга тава растопете го путерот, додадете го лукот, промешајте, па додадете ја павлаката, пармезанот, солта и биберот. Варете додека кашкавалот се растопи и добиете сос.

Во неа додадете ги процедените шпагети и измешајте. Истурете ги шпагетите и сосот во огноотпорен сад, а потоа прелијте ги со сосот од домати и месо.

Посипете со моцарела и пармезан.

Се пече во загреана рерна околу дваесет минути на 180 Целзиусови степени.