Шпанецот се обиде да го ископира Новак па се посрамоти! Цел свет му се смее поради неговиот урнебесен потег! (видео)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако во четвртфиналето убедливо го совлада Германецот Александар Ѕверев со 6:3, 6:2, 6:4.

На Шпанецот, 150 минути му беа доволни да ја заврши работата против 12-от рангиран на турнирот.

Сепак, еден детаљ од натпреварот остана особено впечатлив.

Имено, Алкараз се обиде да ископира еден од потезите на Новак и во таа прилика испадна многу смешен а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Погледнете за што се работи:

Алкараз за пласман во финалето ќе се бори против рускиот тенисер Данило Медведев, кој беше убедлив против сонародникот Андреј Рубљев.