Ѓоковиќ го изненади цел свет со својата одлука! Сите очекуваа тој да се врати на теренот на Ролан Гарос, но…
Најдобриот тенисер на сите времиња, неочекувано, ќе игра пред Ролан Гарос.
Откако испадна од Мастерсот во Мадрид, Ѓоковиќ одлучи да го пропушти претстојниот во Рим.
Сите очекуваа дека Новак ќе го игра својот следен натпревар во Париз, на вториот Гренд слем во сезоната.
Но, Србинот изненади многумина кога одлучи да прифати посебна покана од организаторите на турнирот во Женева од категоријата 250.
Турнирот е закажан од 18 до 24 мај.
Ѓоковиќ играше и во Женева минатата година со посебна покана, а потоа стигна до полуфиналето, каде што беше поразен од Томас Махач во три сета.
Покрај српскиот тенисер, Тејлор Фриц, во Швајцарија ќе играат и Каспер Руд, Григор Димитров, претходно споменатиот Махач и други…