Ѓоковиќ ја откри својата омилена приказна за Рафаел Надал (видео)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше еден од ретките играчи кои преку официјалниот АТП канал имаше порака за пензионираниот Рафаел Надал, а во таа прилика го откри и својот омилен спомен од теренот поврзан со неговиот голем ривал.

Во видео споделено од АТП, Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Енди Мареј имаа пораки во кои му оддадоа почит на Надал, а придонес дадоа и многу други ѕвезди од светот на тенисот и другите спортови. Ѓоковиќ размислуваше за наследството на Надал и незаборавните моменти со неговиот најголем ривал.

– Тој има многу различни неверојатни наследства што ќе ги остави зад себе, достигнувања кои се историски. Неговата упорност, интензитет, енергија што ги донесе на терените од првиот до последниот меч – рече Ѓоковиќ и додаде:

– Мојата најдобра приказна за Рафа, лично, беше кога го видов како танцува во Колумбија кога заедно одигравме егзибициски натпревар во 2011 година. Ти благодарам, Рафа.

Да потсетиме, Ѓоковиќ требаше да дојде на збогувањето на Рафа, но Надал неочекувано беше елиминиран со Шпанија од Холандија во Дејвис купот неколку дена пред планираното славје.