Јакимовски повторно распали за Мицкоски

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, повторно распали на фејсбук за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Лисиц!

Значи овој Христијан се обидува да не прејде сите жедни преку вода.

Морам да признаам дека му направиле доста добра стратегија, арно ама, забораваат дека има и политичари од времето на Тито. А таквите подготвени стратегии не од него, туку од странски замешателства ги фаќаат на бранова должина.

Нели Христијан побара гаранција за јазикот и македонскиот идентитет? Тоа беше однапред договорено, покровители на гаранцирањето беа токму Германците со гласање во парламентот. Така ли беше? Нели ви е чудно што Мицкоски го нападна Груевски дека се обидува да му направи раздор во партијата и да обезбеди пратеници за уставните промени токму во германски ФАЦ?

Стратегијата е да се нападне Груевски дека тој е предавникот што договорил дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за влез на Бугарите во уставот. На зачестениве средби со странците токму Мицкоски има договорено дел од пратениците да гласаат за измени на уставот, а за тоа да не биде тој виновен туку предавникот Никола Груевски.

Се потрудиле добро да ја осмислат стратегијата да ни глуми лисица, жртва на заговор и обид демек партијата да му се разбива одвнатре, а всушност, трговецот за уставните измени е токму тој. И тоа настапува како трговец-поединец.

Повторно користи иста тактика како за Преспанскиот договор. Таму го обвини Мијалков. Се сеќавате нели? За влез на Бугарите во уставот ќе го обвини Груевски, а тој демек ги чувал македонските национални интереси, ама постојано го поткопувале уценети бивши политичари, инаку тој ќе издржел машки.’ напиша тој.