Ја изневеруваше на секој чекор а таа 17 години му простуваше! Го остави поради една реченица: Сите детали од бурната врска на славната двојка (фото)
Првиот пат кога 21-годишната Анџелика Хјустон го погледна Џек Николсон, помисли: „Ах! Да. Тоа е човек во кој би можела да се заљубам“.
Беше рана вечер во април 1973 година, а Анџелика Хјустон и нејзините пријатели присуствуваа на забавата за 36-тиот роденден на познатиот актер во неговиот дом во Лос Анџелес. Анџелика веќе го гледаше на големиот екран претходно и веќе имаше почувствувано пеперутки во стомакот. Кога ја отворил влезната врата, се насмевнал и им рекол: „Добра вечер, дами. Јас сум Џек и мило ми е што дојдовте“.
Анџелика и Џек со часови танцувале и флертувале, а подоцна тој ја замолил да ја поминат ноќта заедно. Таа останала. И тоа беше почеток на нивната 17-годишна врска.
Неколку дена по првата заедничка ноќ, Николсон ја замолил Анџелика да излезе на состанок.
„Следеше втор повик, Џек рече дека му е жал, мораше да ја откаже нашата средба бидејќи имаше неодложна обврска“, напиша Хјустон во своите мемоари.
„Дали тоа значи дека јас сум ти на второ место?“, го прашала. „Не кажувај го тоа, не е така“, и’рекол тој.
Таа вечер, Анџелика била излезена на вечера со пријателите кога го забележале Николсон во ресторан со „убава русокоса“. Се покажа дека тоа е неговата поранешна девојка, актерката и пејачка Мишел Филипс.
Бидејќи тоа бил денот на нивната откажана средба, Анџелика отишла на масата на Николсон.
„Кога стигнав до масата, ја подигнав чашата и им реков: „Јас сум тука и само сакав да ве поздравам“.
Холивудскиот ханк ја претстави Мишел.
,,Таа беше шармантна. Претпоставувам дека во тој момент беа на крајот од врската”, напишала актерката.
И покрај овој прилично груб и турбулентен почеток на нивната врска, Николсон и Хјустон се заљубија. Но, Анџелика на почетокот не ја разбрала целосно репутацијата на Николсон како „женски отров“.
„Повремено ќе најдов женска облека или ќе најдов крема за раце или ќе останеше некоја ситница покрај судоперот. Понекогаш носев накит за да видам дали некој ќе дојде и ќе го земе, но тоа никогаш не се случи“, ја опиша таа турбулентната врска со Хјустон, исто така, призна дека Николсон и’ испраќал пораки кои често биле чудни и неразбирливи – тој наизменично ја барал да излеземе или воопшто не ѝ се јавувал, а исто така и кажувал дека треба да се „оладат“ и да побараат состанок.
Во нивната заедничка насловна страница на списанието People од 1985 година, Николсон рече дека цело време барал од Анџелика да се омажи за него.
,,Некогаш ме одбива, понекогаш вели да, но никогаш не стигнуваме до таму“, изјави познатиот актер.
Убавицата вака го објасни тоа.
„И двајцата веруваме во зачувување на нашата слобода. Ако сте во долга врска, како што бевме ние, поминувате низ промени. Сакате да бидете заедно, но и да имате време за себе. Не ми се допаѓа зборот посветеност – има темен подтон. Кога ќе го слушнам, се гледам себе си како поминувам низ долг и тажен ритуал. Разбирањето е подобар збор отколку обврска. Џек и јас имаме разбирање“, напиша таа.
Хјустон со години ги ставаше на чекање своите актерски амбиции и го посвети своето време и внимание на Николсон. Но, во 1980 година, по тешка сообраќајна несреќа, таа одлучила дека и’ треба промена и се иселила од куќата на Николсон и почнала да живее сама.
„Поминав низ шофершајбната и си го скршив носот на четири места и морав да сe посветам на животот. Решив дека е време да се посветам и на глумата“, изјавила Анџелика за „People“.
Само шест години подоцна, поточно во 1986 година, таа освои Оскар за најдобра споредна женска улога во филмот „The Price’s Honor“ од 1985 година.
Таа никогаш не почувствувал поголема гордост отколку кога ја гледал нејзината голема љубов како ја добива наградата.
Истата година, Анџелика Хјустон одлучи дека би било добра идеја конечно да се омажи за Николсон. Таа и нејзините пријатели излегле на ручек, испиле неколку чаши алкохол и дошле до таа идеја.
„Сè одеше според планираното додека Џек не дојде и еден од моите пријатели ми рече: „Ајде, кажи му“.
,,Му кажав за мојата идеја дека сакам да се омажам за него а тој ми одговори: ,,Дали си сериозна?” Си заминав дома и плачев цела ноќ. Тоа беше понижувачко и за двајцата”, напишала таа во своите мемоари.
Љубовта ја прекина Анџелика, која го остави Николсон за Рајан О’Нил. Набргу по нивното раскинување, Џек им се вратил на своите пороци, а спасот од скршеното срце го барал во скијањето, далеку од Холивуд.
Времето по нивното прво раскинување беше одбележано со голем скандал бидејќи токму во холивудската куќа на Џек Роман Полански, Џек силувал девојка. Сведок на страотниот настан била Анџелика, која во моментот на злосторството случајно се нашла во вилата каде дошла да си ги собере работите.
Поради дрогата која била запленета во луксузната куќа на Џек, полицијата ја уапсила и актерката, подоцна се испоставило дека Анџелика нема врска со дрогата.
Иако се смири со Џек, таа го остави вторпат поради неговата врска со Карен Мајо-Чендлер, која во интервју за „Плејбој“ изјави дека Николсон „ја бркал во сини сатенски боксери низ спалната соба, а сексот го прекинувал само за да изеде сендвич со путер од кикирики“.
Масло на огнот долеа аферата со Ребека Брусард, која ги доби Лорејн и Реј со Џек. Анџелика инсистирала тој да биде со мајката на неговите деца.
Официјално, тогаш врската меѓу двајцата актери завршила, но тие цело време останале во контакт. И таа остана во неговото срце.
„Врати се кај мене, се плашам дека ќе умрам сам“, ѝ рекол Џек на својата стара љубов, додека се борел со депресија, а убавата актерка едноставно не можела да се бори со демоните кои ги будел во неa со неговата развратност.
“Тој е силен, но тој е неверен. Навистина ме боли. Не можам да живеам со тоа”, рече Анџелика своевремено, а тие неколку зборови ја содржат целата суштина на оние новели кои немаат среќен крај бидејќи понекогаш само љубовта навистина не е доволна.