Јована Тренчевска: “СДСМ ја зголеми минималната плата двојно, а социјалната помош за 300 проценти во споредба со ДПМНЕ“

„Растот на минималната плата, на пензиите, на правата од детската и социјалната заштита, е значително поголем денеска во споредба со 2017 година и поголем од стапката на инфлација“, истакна претседателката на Форумот на жени на СДСМ и заменик-министерка за труд и социјална политика Јована Тренечевска, во „Студио 10“ на Телевизија 24.

„Гарантираната минимална помош за многудетно семејство сега е 16.000 илјади дена, а беше 7.000 денари до 2016 година. Социјалната помош за едно лице е 6.000 денари, а порано беше 2.000 денари. Воведовме раст на минималната плата која во март ќе изнесува 22.500 а беше едвај 8.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Минималната пензија ја зголемивме за 100 проценти. Денес 2,2 просечни плати се доволни за покривање на потрошувачката кошничка. Денес имаме 38.500  просечна плата со тенденција да расте и натаму, тоа е концептот на СДСМ.  Социјално ранливата категорија на граѓани не ги поддржуваме само со гарантирана минимална помош туку со палета на права и услуги од социјална и детска заштита. Дополнителнo исплаќаme финансиска поддршка за uчениците во средно и основно училиште“, кажа Јована Тренечевска.

„Пензискиот фонд, ВМРО-ДПМНЕ го остави со дефицит од 47%, тој дефицит сега е 31% поради добрите политики на СДСМ“, додаде Јована Тренечевска потсетувајќи дека ДПМНЕ манипулира со пензионерите.

„Имавме манипулации со пензионерите дека ќе им дадат на сите по 5000 денари, па потоа ретерираа и сите што излегуваа низ меидумите од опозицијата рекоа пу пу не важи, ќе дадеме по 500 денари“, потенцираше Јована Тренчевска денеска за Телевизија 24.

СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки