Напаѓачот на ПСЖ, Рандал Коло Муани (26) се согласил да му се приклучи на Јувентус на позајмица до крајот на сезоната, објавија водечките спортски медиуми ширум Европа.
ПСЖ и Јувентус се договорија за шестмесечна позајмица без опција за откуп на францускиот напаѓач кој пред 18 месеци дојде во ПСЖ од Ајнтрахт Франкфурт за 90 милиони евра.
Сепак, тој не ги оправда очекувањата во Париз, а кариерата ќе се обиде да ја оживее во најтрофејниот италијански клуб. Доколку ги исполни очекувањата во Торино, Јуве и Муани ќе имаат можност да преговараат за трајно откупување на договорот.
Муани оваа сезона одигра 14 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.
Во исто време, од Шпанија стигнуваат вести дека Роналд Араухо дефинитивно решил да се пресели во Јувентус и покрај напорите на Барселона да го задржи.
Договорот на уругвајскиот дефанзивец со Барселона истекува во летото 2026 година, а Каталонците одлучија да го продадат само доколку самиот Араухо изрази желба да го напушти каталонскиот тим.
Сега останува Јувентус и Барселона да се договорат за начинот на трансфер, кој првично треба да биде позајмица со можност за откуп за околу 50 милиони евра.
Араухо докажа дека е еден од најдобрите дефанзивци во Европа кога е целосно подготвен и здрав, стекнувајќи репутација по својата физичка способност, тактичка флексибилност и одлично читање на играта во ситуации еден на еден.
Неговото доаѓање во Торино може да помогне во решавањето на дефанзивните проблеми на Јувентус по повредата на Глисон Бремер, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на лигаментите.