Научниците открија што се случува во човечкиот мозок во текот на умирањето: “Во 30 секунди би можеле од почеток да ги проживеете најдобрите моменти од својот живот”
Снимката од мозокот што умира сугерира дека луѓето имаат „реприза“ на најдобрите моменти од нивниот живот во последните моменти прес смртта, се наведува во новото истражување, објави британскиот Мирор.
Научниците го проучувале мозокот што умира и добиле нов увид во тоа што се случува во него во моментите пред смртта.
Слични мерења на мозочната активност претходно беа спроведени на животни, а дури неодамна истражувачите добија можност да ѕирнат во човечкиот ум. Тие добија можност да ја набљудуваат мозочната активност на епилептичар кој бил поврзан со електроенцефалограм (ЕЕГ) во моментот на смртта.
ЕЕГ-снимката откри зголемена активност на гама-појасот на мозокот за триесет секунди пред и по смртта на 87-годишникот.
“Човечкиот мозок би можел да генерира координирани активности во текот на периодот на непосредна или блиска смрт“, се вели во извештајот.
Се сугерира дека краткиот период пред смртта им овозможува на луѓето накратко да се осврнат на најдобрите моменти од нивниот живот, а токму тоа го раскажуваат некои од луѓето кои се разбудиле по клиничката смрт.
Научниците го опишаа ова искуство како мирна, опуштена состојба во која мозокот се исклучува.
„Во мозокот непосредно пред смртта можеби се случува последното присетување на важни животни настани, слични на оние пријавени искуствата на блиска смрт“, рече Ајмал Земар , неврохирург од Универзитетот Луисвил-Земар и иницијатор на студијата.
Тој додаде дека споменатите наоди даваат подобар увид во конечниот крај на човечкиот живот и отвораат важни прашања, како што се оние поврзани со дарувањето органи.
„Замислете да го преживувате целиот живот за неколку секунди. Како блесок на молња, вие сте надвор од вашето тело и ги гледате незаборавните моменти кои сте ги проживееле. Овој процес, познат како „повикување живот“, може да биде сличен на тоа што го носи искуството на блиска смрт. Што се случува во вашиот мозок за време на овие искуства, но и по смртта, се прашања кои со векови ги збунуваат невронаучниците. Меѓутоа, новата студија објавена во “Frontiers in Aging Neuroscience” сугерира дека мозокот може да остане активен и координиран во текот, па дури и после, преминот во смрт, па дури и дека може да биде програмиран да го оркестрира и конечниот суд”, се наведува во соопштението за јавноста кое го пренесува британскиот Мирор.