Олаф Шолц и Емануел Макрон обединети: „Ги повикуваме сите претседатели на државите членки на НАТО на итен самит на Алијансата за решавање на ситуацијата!“
Германија денес повика на итен самит со сите држави членки на НАТО на кој ќе се разговара за одговор на руската воена интервенција во Украина.
Германскиот канцелар, Олаф Шолц на прес-конференција во Берлин изјави дека „рускиот напад е јасно кршење на меѓународното право и Германија ќе го координира својот одговор со европските партнери и сојузниците во НАТО“.
„Заедно со францускиот претседател, Емануел Макрон, би сакал да ги поканам на состанок на претседателите на државите и владите на НАТО за да се разговара за моменталната ситуација“, потенцираше тој, додавајќи дека „руската агресија е напад врз европскиот безбедносен поредок“.
Шолц им соопшти на новинарите дека ќе отпатува за Брисел подоцна во текот на денот за да им се придружи на лидерите на Европската унија во разговорите за најновите случувања и одобрувањето дополнителни санкции кон Русија.
„Целта на нашите санкции е јасно да му ставиме до знаење на руското раководство дека ќе плати висока цена за оваа агресија“, потенцираше тој.
Тој остро го критикуваше рускиот претседател, Владимир Путин и кажа дека ништо не може да го оправда бомбардирањето на украинските граѓани, кое загрозува безброј невини животи.
„Путин направи ужасна грешка со започнувањето на оваа војна“, нагласи германскиот канцелар.