Словенечкиот премиер Јанша не отпатува за Киев поради ситуацијата но порача: „Битката за Украина е битка за цела Европа, стоиме заедно!“

Словенечката влада попладнево заседаваше на затворена седница на која разговараше за руската агресија врз Украина, соопштија од кабинетот на премиерот Јанез Јанша, кој, според претходните најави, денес требаше да замине во дводневна посета на Украина.

„На седницата ќе се процени ситуацијата и ќе се потврдат актуелните НАТО и други неопходни мерки, а владата ќе го извести парламентот за заклучоците во најкраток можен рок“, изјави Јанша, додавајќи фотографија од него во зградата на владата, во знак на солидарност со Украина, со знамиња на Словенија и Европската унија а истакнато е и украинското знаме.

https://twitter.com/JJansaSDS/status/1496802232410464261?s=20&t=Rs9bVmrBszU4gAKFfAhH3g

Исто така, Јанша изјави дека утрово разговарал со украинскиот премиер Денис Шмихал на тема „руска агресија“.

Нејзината цел е да ја обезглави украинската држава и да воспостави марионетска влада. Но, Украина се бори и има потреба од нашата помош. Битката за Украина е битка за Европската унија. Ние стоиме заедно со Украина“, потенцираше Јанша.

Се уште не е објавено дали премиерот на Словенија ќе отпатува во дводневна посета на Украина за да изрази солидарност со Киев, но медиумите наведуваат дека поради новонастанатата ситуација и руската инвазија тоа најверојатно нема да се случи.