Финската премиерка има “разуздани” пријателки: Истрчаа до кормилото на бродот па на капетанот и патниците на Јадролинија им ги покажуваа голите гради (видео)
Откако им ги покажаа голите гради на патниците на Јадролинија, капетанот на бродот им свирна со сирената.
Финската премиерка Сана Марин последниве денови ги полни регионалните и светските медиумски колумни. Но, вниманието на медиумите не го привлекува само таа, туку и трите нејзини блиски пријателки, чија разуздана забава стигна до социјалните мрежи.
Имено, на TikTok се појави видео на кое трите пријателки трчаат до лакот на бродот и им ги покажуваат голите гради на патниците од Јадролинија кои минуваат. Капитенот на Јадролинија им одговори со труба, што особено ги израдува.
Видеото го објави пријателката на Сана, Сабина Сарка, но на него ја нема премиерката.
Да потсетиме, неодамна на социјалните мрежи се појавија снимки од финската премиерка на забава со фински ѕвезди, а потоа и фотографија на која се гледаат двајца познати инфлуенсери како се бакнуваат, покривајќи ги голите гради со натпис “Финска”. Сето ова ја потресе Финска, па премиерката под притисок на јавноста мораше да направи тест за дрога. Тестот беше негативен, а потоа имаше јавно извинување за несоодветната фотографија.
“Според мене сликата не е соодветна. Се извинувам за тоа. Таква фотографија не требаше да има, но инаку ништо несекојдневно не се случило на забавата”, им рече Марин на новинарите, потврдувајќи дека фотографијата е нејзина.
@sabinasarkka Tässä on ollut vähä kaikennäköistä @Julia Toivola #foryoupage @Lotta Soini @Dr. Rannisto ♬ alkuperäinen ääni – Sabina Särkkä