Авионот на ‘Визер’ не стигнал до Охрид зошто му се слошило на патник

Авионот на WizzAir што за Охрид леташе од Дортмунд не стигнал на планираната дестинација затоа што за време на летот му се слошило на патник. Пилотот решил да побара принудно слетување во венеција за да му биде пружена лекарска помош на патникот.

„Можеме да потврдиме дека на еден патник му се слошило за време на летот. Авионот мораше итно да слета на аеродромот во Венеција за да му овозможи на патникот веднаш да добие медицинска помош“ – изјави портпаролто на аеродромот во Венција.

Според портпаролот на аеродромот „Марко Поло“ патникот е сместен во болница, но не се објавени детали за тоа дали се работи за маж или жена и за тоа каков проблем имал и каква е во моментов неговата здравствена состојба.