Спасувачките служби изведоа драматична акција во Еверглејдс (национален парк во јужна Флорида), каде што се урна мал авион Цесна.
Авионот паднал во водите полни со алигатори и други опасни суштества, а пилотот преживеал и успеал да се качи на оштетеното крило.
Специјализираните служби, кои пристигнале на местото на несреќата, објавиле дека пилотот седел на крилото, каде што бил заглавен девет часа, заедно со алигатори и комарци.
Поради оддалечената локација и тежок терен ангажирана е службата за спасување од воздух“, соопштија надлежните.
Пилотот бил извлечен со помош на специјален кабел, а потоа префрлен во болница каде му биле констатирани полесни повреди, пренесува People.
„Тој излезе од целата приказна со повредена нога, откако го преживеа негостопримливиот Еверглејдс. Сите сме благодарни што е добро“, изјави локалниот шериф Мајкл Кејн.