Авионот падна меѓу алигатори и змии: Пилотот чекал девет часа за да го извлечат од ужасот, погледнете го видеото

Спасувачките служби изведоа драматична акција во Еверглејдс (национален парк во јужна Флорида), каде што се урна мал авион Цесна.

Авионот паднал во водите полни со алигатори и други опасни суштества, а пилотот преживеал и успеал да се качи на оштетеното крило. Несреќата се случила на 31 октомври.

Специјализираните служби, кои пристигнале на местото на несреќата, објавиле дека пилотот седел на крилото, каде што бил заглавен девет часа, заедно со алигатори и разни змии.

,,Поради оддалечената локација и непроодниот терен ангажирана е службата за спасување од воздух“, соопштија надлежните.

Пилотот бил извлечен со помош на специјален кабел, а потоа префрлен во болница каде му биле констатирани полесни повреди, пренесува People.

,,Од целата приказна излезе со повредена нога, откако го преживеа негостопримливиот Еверглејдс. Сите сме благодарни што е добро“, изјави локалниот шериф Мајкл Кејн.