ФОТО | “СРБИЈА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО“ – Нов протест во Белград: Река од луѓе пристигнува во центарот на градот, блокиран сообраќајот, а луѓето носат траспаренти со пораки до Александар Вучиќ

Денес во главниот град на Србија, Белград, започна нов, масовен протест организиран од опозицијата и различни невладини организации под слоганот – „Србија против насилството“, поради двете големи трагедии што се случија кај нашиот сосед минатата недела.

Српскиот веб-портал Nova.rs објави дека околу 18:00 часот сообраќајот пред Собранието на Србија е веќе блокиран бидејќи се собрале голем број граѓани. Тие исто така додаваат дека полицијата ја затворила улицата „Књез Милош“ поради масовноста од луѓе која се шири кон мостот „Газела“.

Белград, Србија

Најавено е дека прво ќе бидат прочитани барањата на демонстрантите, а потоа поворката молчејќи ќе се упати кон блокадата на мостот.

Судејќи по фотографиите на српските медиуми, на протестот пристигнале голем број луѓе односно – река од народ пристигнува пред Собранието на Србија, пишуваат соседните медиуми. Демонстрантите носат транспарент „Пари за училиштата, а не за полицијата“.

Се читаат барањата на опозицијата, а најмногу свирежи имало кога се кажало дека се повикани оставки на министрите Александар Вулин и Братислава Гашиќ, но и кога се споменуваат телевизијата Пинк и Хепи.

Претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, утрово изјави дека „полицијата нема да поставува кордони“ и дека – „ќе дејствува само доколку се загрозени човечки животи“.