ФОТО | Единствената жена која ја носи титулата ‘најубава’! Најплатената актерка во светот повторно маѓепса со својот стајлинг – на ревија се појави во минијатурно бикини!

Маргот Роби, актерката која неколку пати беше прогласена за најубава жена на светот, повторно воодушеви со смело издание на ревија на еден познат бренд.

Практиката на модната куќа Versace во неделата на Оскарите да прави традиционално модна ревија, сега ја повтори и францускиот моден бренд Channel и се упати во Лос Анџелес за да ја претстави новата крстаречка колекција пред јавноста. Како и секогаш, многу познати дами не сакаа да го пропуштат холивудското шоу, но меѓу најзабележителните гости беше убавата Маргот Роби – жена која три пати беше прогласувана за најубава на светот.

Иако оваа година најпознатата плус-сајз манекенка Ешли Греам ја понесе оваа титула, која предизвика спротивставени коментари на социјалните мрежи, многумина истакнуваат дека Маргот Роби сепак важи за најубава и најзгодна жена на планетата. Таа никогаш нема да има конкуренција, а ова со сигурност го велат корисниците на социјалните мрежи и обожавателите на актерката. Таа за оваа пригода носеше заводлива облека инспирирана од седумдесеттите години на минатиот век.

Таа носеше горен дел од костим за капење и проѕирен елек кој го спои со тренди светли тексас ѕвонарки. Лесната шминка и брановидната коса одлично се вклопуваат во модната комбинација, истакнуваат модните експерти. „Нема поубава жена“, „Толку природно и нормално“, „Маргот е актерка без конкуренција“, „Убава е“, се само дел од коментарите кои кружат на Интернет…

Сакам храна, вино и добро време со пријателите. Исто така, не ми се допаѓа чувството да знам дека не изгледам најдобро. Добрата исхрана и тренинзите мора да бидат на прво место во мојот живот за да се чувствувам добро“, изјави еднаш актерката, додавајќи дека сака да игра тенис, да трча и да оди на танц.

Да потсетиме, Маргот Роби покрај титулата најубава жена на светот ја носи и титулата најплатена холивудска ѕвезда.

Погледнете како изгледала актерката ОВДЕ.