На студентите во Македонија им е потребна дигитализација на универзитетите и намалување на финансискиот товар за време на студиите

Во важна активност што денеска ја разви Форумот за образовни промени, студентите ја изразија потребата од подобрување на условите за студирање преку олеснување на финансискиот товар и дигитализирање на универзитетите, барајќи и навремена исплата на стипендиите.

Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени, ја подвлече важноста на оваа активност да се создаде платформа каде што ќе се разговара за конкретни проблеми на студентите и ќе се најде простор за решенија.

„Целта на денешната активност е преку студентскиот форум да се создаде платформа на која ќе се соберат сите студенти од државните и приватните универзитети за да разговараат за проблемите со кои се соочуваме и за решенијата што треба да ги преземеме“, рече Ходаи.

Тој ја најави и иницијативата за создавање на национално студентско тело, за зајакнување на застапеноста и капацитетот на студентите за поефикасно решавање на нивните проблеми.

Во неодамнешното истражување, Форумот за образовани промени откри дека финансиските оптоварувања за студентите се многу поголеми од очекуваните, а дигитализацијата на универзитетите е голем проблем што влијае на секојдневниот живот на студентите.

Ходаи се задржа и на доцнењето на стипендиите, додавајќи дека ова е уште еден предизвик кој треба итно да се реши.

На крајот, Ходаи го ценеше интересот на студентите и присуството на претставници од различни земји, додавајќи дека слични проблеми со кои се соочуваат сите соседни земји можат да дадат инспирација за иновативни решенија.