ВМРО-ДПМНЕ изјавата на Талат Џафери за изборниот законик ја нарекува лицемерна

Дволичната ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува изјавата на премиерот Талат Џафери за изборниот законик, со чија промена од партиите велат дека ќе можат да гласаат околу 100.000 гласачи кои немаат валиден документ за идентификација. Џафери своевремено изјави дека овие граѓани имаат доволно време до изборите да се опремат со нови документи и нема потреба од законски измени, додека откако се направени законските измени рече дека измените се селективни и не го решаваат проблемот се додека во крај.

„Техничкиот премиер Џафери како претставник на извршната власт може да предлага закони, како еден од овластените предлагачи. Доколку оцени дека постои конкретен начин на работа како да се постапува со документите во изборниот процес, тоа мора да го предложи до Собранието. Но, тоа е лицемерно и мора да потсетиме дека неколку дена пред да се одобруваат измените на Изборниот законик, со кои се дозволува гласање и со истечени пасоши и лични документи, тој самиот рече дека нема потреба од одобрување на овој закон“ , изјави Миле Лефков, ВМРО-ДПМНЕ.

Алсат побара став и од СДСМ, но до сега не добивме одговор. Ставот за измените во Изборниот законик Џафери го соопшти вчера.

„Решението е делумно, не е целосно. Практично јас и ти, ако имаме документи што истекле 9 месеци пред 24 април, ќе гласаме на 24 април, но што ќе правиме на 8 мај? Затоа што ќе биде подолго од 9 месеци. Всушност, сакајќи да избегнеме исклучок, правиме уште еден исклучок. Така што решението, доколку се одлучи да се направи со закон, треба да биде отворено за да можат граѓаните да гласаат со истечени документи, без разлика кога им истечеле документите“, изјави Талат Џафери, технички премиер.

Проблемот пред недели го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека има околу 100.000 граѓани кои се на избирачкиот список, а немаат валиден документ за идентификација со кој можат да гласаат. Собранието пред три дена го смени Изборниот законик и им овозможи на граѓаните кои имаат истечен пасош не подолго од 9 месеци пред денот на изборите да гласаат на избори. Односно, на 24 април ќе може да се гласа со пасоши кои имале рок до 24 јули 2023 година, додека на 8 мај ќе може да се гласа со пасоши кои имале рок до 8 август 2023 година.