АЛКАРАЗ И НЕГОВАТА ДЕВОЈКА ИМААТ САМО ЕДНА ЗАЕДНИЧКА СЛИКА! Карлос не бил во врска 18 месеци, а потоа му го освоила срцето (ФОТО)

Популарноста на Карлос Алкараз рапидно растеше во претходниот период, а младиот Шпанец доби дополнителна доза на слава со освојувањето на титулата на Вимблдон.

Светскиот тенисер број еден на 5 мај го прослави својот 20-ти роденден, но не се знае многу за неговиот приватен живот.

Љубителите на тенисот беа воодушевени кога дознаа дека Алкараз, иако освоил близу 20 милиони евра само од турнирот, сепак живее во родниот град со своите родители, во стан кој се наоѓа над продавница за брза храна.

Она што многумина ги интересира е љубовниот живот на тенисерот за кој нема многу информации.

Алкараз еднаш рекол дека немал девојка 18 месеци.

“Комплицирано е кога никогаш не си на истото место. Тешко е да се најде личност која ќе ги сподели работите со тебе ако секогаш си на другата страна на планетата”, изјави шпанскиот тенисер.

А потоа стапи во врска со Марија Гонзалес Хименез, девојка од Мурсија која беше три години постара.

Таа игра тенис, пренесува британски „ Сан “, на многу пониско ниво, а како што пренесуваат шпанските медиуми, Марија и Карлос се пријатели од детството, а досега објавиле само една заедничка фотографија.

Интересно е што Марија нема голема популарност на социјалната мрежа Инстаграм, за разлика од повеќето девојки или сопруги на спортисти кои се на слично ниво.

Таму ја „следат“ 13.000 луѓе кои можат да видат дека Марија е вљубеник во плажите, танцот и тенисот.