Аврамовиќ откри детали од драмата со Бориша Симаниќ: Беше морничаво, од него течеше крв и урина (фото)
Српските кошаркари во финалето на Светското првенство во Манила ќе се сретнат со Германија.
,,Орлите” минаа низ трнлив пат до финалето, а дополнителен шок беше страшната повреда на Бориша Симаниќ.
На тоа се присети Алекса Аврамовиќ пред финалниот натпревар
„Тие два дена ни беа многу тешки. Не можам да кажам дека тој човек од Јужен Судан сакаше намерно да го удри и да го повреди. Од силината на тој удар му се оштети бубрегот, му се отвори рана по што тој обилно крвареше. Тие успејаа да му ја сошијат, но лузната на бубрегот беше голема. Течеше крв и урина, тоа беше комплицирана ситуација. Се бараше крв… Два дена бевме потресени. Кога докторот на репрезентацијата ни кажа дека Бора конечно се чувствува добро, многу ни олесна“, објасни Аврамовиќ за „Спорт клуб“