По шпекулациите дека се нарушени односите во семејството! Јелена Карлеуша објави приватни фотографии со Душко – поводот е прекрасен! (ФОТО)

Ќерките на поп дивата Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Атина и Ника вчера славеа роденден.

Јавна честитка стигна и од дивата, која на својот Инстаграм профил објави семејна фотографија, фотографија со саканите ќерки и Душко и покрај тоа што по последното интервју на Јелена постоеја сомнежи дека се нарушени нивните семејни односи.

Карлеуша се присети на своите спомени од минатото, па нејзините следбеници можеа да видат како семејството ужива на собири, патувања и прослави, а се стекнува впечаток дека сега сè е во најдобар ред.

Честитка пристигна и од таткото Душко, кој на својот Инстаграм профил објави фотографија од своите ќерки, која е направена во Атина.

На сликата ги гледаме Атина и Ника како се гушкаат и позираат во летни комбинации, а Тошиќ напиша кратка порака:

– Среќен роденден – напиша фудбалерот и ги додаде датумите на нивното раѓање и два емотикони на срца.

Атина е точно една година постара, па денеска наполни 15, а Ника 14.