Австралиската полиција откри и заплени 365 килограми кокаин

Австралиската полиција откри и заплени 365 килограми кокаин во Индиски Океан во близина на брегот на Западна Австралија.

Дрогата е откриена откако на 1 февруари биле спасени тројца мажи, кои тврделе дека се превртил нивниот чамец додека ловеле риба. Шест дена подоцна во Индиски Океан во близина на австралискиот град Данска била пронајдена пластична амбалажа во која имало пакувања кокаин.

Следниот ден полицијата го пронашла превртениот чамец, при што биле пронајдени уште осум слични пакувања во пластична амбалажа.

Полицијата сè уште истражува како и каде била фрлена дрогата во Океанот.