Австралија опен го „заобиколи“ Ѓоковиќ поради Медведев

Отвореното првенство на Австралија на својата веб-страница објави анализа за претстојниот турнир во која во центарот на вниманието е Данило Медведев.

Иако можеби беше очекувана најавата во која главен актер е Новак Ѓоковиќ, десеткратниот шампион – не е така.

„Пет причини зошто Данил Медведев е подготвен да го освои првиот Австралија опен“ , стои во текстот на веб-страницата на првиот Грен слем во сезоната.

Медведев претходно беше многу блиску до титулата на Ози опен – пред две години имаше 2-0 во финалето против Рафаел Надал, но загуби, исто како што беше мазно поразен од Новак во мечот за трофеј во 2021 година.

Во текстот се вели дека Медведев повторно е најдобар на големите турнири , Грен слемовите, откако му требаа година и пол од тоа финале со Надал да стигне до полуфиналето на Вимблдон, а потоа и во финалето на УС Опен.

Понатаму, како причина се наведува тоа што Медведев минатата сезона ги победи сите свои големи ривали , односно сите кои играа во Торино на завршниот Мастерс.

Се истакнува дека Данил е помотивиран од кога и да е , а како последна, петта причина, се истакнува дека Русинот е специјалист за тврди подлоги .

Дали Медведев ќе ги исполни овие очекувања од текстот ќе дознаеме во периодот од 15 до 28 јануари.