На делови од Западна Австралија им се заканува „екстремен“ топлотен бран, што го зголемува ризикот од шумски пожари низ огромната држава.
Бирото за метеорологија денеска издаде „предупредување за екстремна топлина“ за оддалечените региони Пилбара и Гаскојн во најголемата австралиска држава, предупредувајќи дека таму температурите би можеле да достигнат 40 степени во текот на викендот.
Во рударскиот град Пилбара Парабурдо, на околу 1.500 километри северно од главниот град Перт, во саботата беше предвидена максимална температура од 47 Целзиусови степени, повеќе од шест степени над просечниот максимум за јануари, пренесува Ројтерс .
Топлото време го зголемува ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона поради временскиот феномен „Ел Нино“, кој обично се поврзува со екстремни временски настани како што се шумски пожари, циклони и суши.
Предупредувањето доаѓа откако стотици пожарникари се бореа со пожар koj беснееше во близина на Перт среде високи температури на почетокот на овој месец, што предизвика евакуација.
Последните две сезони на пожари во Австралија беа благи во споредба со „црното лето“ на пожари во 2019-2020 година. која уништи област со големина на Турција, уби 33 луѓе, три милијарди животни и трилиони безрбетници.