Австрија донесе одлука за протерување на 4 руски дипломати

Oвие дипломати најдоцна до 8 февруари треба да ја напуштат земјата.

Министерството за надворешни работи на Австрија побара четворица руски дипломати вработени во две различни мисии во земјата, да ја напуштат Австрија поради „нивните акти кои не се во согласност со нивниот статус“.

Според писменото соопштение на австриското Министерство за надворешни работи, врз основа на одредени членови од Виенскиот договор, двајца руски дипломати вработени во Амбасадата на Русија во Виена се прогласени за персона нон грата.

Исто така, се наведува дека од руски дипломати вработени во руската мисија во Канцеларијата на ОН во Виена е побарано да ја напуштат земјата со образложение дека „вршеле акти кои не се во согласност со нивниот статус“.

Според соопштеното, овие дипломати најдоцна до 8 февруари треба да ја напуштат земјата.