Автобус удрил во карпа во БиХ, двајца загинати, 13 тешко повредени

Две лица загинаа, а 13 се тешко повредени кога автобус удри во карпа на страната на патот кај Требиње во источниот дел на Херцеговина. Според информациите од локалната полиција, во несреќата што се случила загинале возачот на автобусот и еден патник, а причината поради која возилото излетало од патот и удрило во карпа се уште се утврдува.

Од болницата во Требиње потврдија дека од автобусот примиле 13 патници. Двајца пациенти се тешко повредени и се сместени на одделението за интензивна нега“, изјави директорот на болницата Недељко Ламбета.

Во автобусот биле вработени во основното училиште од Бања Лука кои патувале на екскурзија.