Мота е фаворит за тренер на ПСЖ

Поранешниот играч од средниот ред на ПСЖ, Тиаго Мота би можел да стане нов тренер на ПСЖ. 

Според „L’Equipe“, италијанскиот стручњак е фаворит да го замени Кристоф Галтие.

Во блиска иднина ќе се одржат состаноци за да се постигне напредок во преговорите. Претходно, пропадна опцијата да се постигне договор за соработка со Германецот Јулијан Нагелсман.

По завршувањето на играчката кариера во 2018 година, Мота работеше како младински тренер во ПСЖ, како и во Џенова, Специја и Болоња.