Движењето на македонските Турци за правда и демократија станува дел од Европскиот фронт

Уште една турска партија се приклучи на Европскиот фронт. Станува збор за Движењето на Турците Македонци за правда и демократија. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, како иницијатор на Европскиот фронт, денеска потпиша коалициски договор со претставниците на оваа партија Салих Мурат и Силејман Баки.

Мурат во својот говор рече дека се приклучуваат на Фронтот со цел да се сменат состојбите во секоја сфера на општеството, особено состојбата на турската заедница во Македонија, исполнувајќи ги нормите за човекови права предвидени во Уставот.

Ахмети рече дека овој заеднички фронт ќе се залага за целосна еднаквост за сите, без разлика колку се мали заедниците во оваа земја.

„Ова место е големо дури и за малите. Прогресивната демократија прво се грижи за малите заедници. Затоа што малите заедници се тие кои градат лојалност кон државата“, изјави Али Ахмети.

Ахмети рече дека овој сојуз околу овој фронт не е привремен туку долгорочен, за да се реализираат оние работи кои не се направени.

Претходно, лидерот на интегралистите потпиша коалициски договор со претседателот на Турската демократска партија, Бејџан Иљаз.

Вчера сличен договор беше потпишан и со Сојузот на Ромите, додека претходно договор за Европскиот фронт потпишаа и Ахмети со Народното движење на Скендер Реџепи, ПДШ на Мендух Тачи и ПДЕ на Арјани Хоџа. Се очекува ваквата коалиција да биде поврзана со некоја од босанските партии. Во сабота беше најавено дека во Гостивар ќе биде потпишан коалицискиот договор меѓу Ахмет и Зиадин Села од Алијансата за Албанците.