Севернокорејски брод навлезе во територијалните води на Јужна Кореја

– Јужнокорејската армија соопшти дека вчера испукала предупредувачки истрели кон севернокорејски патролен брод кој ја преминал морската граница и упаднал во територијалните води на Јужна Кореја.

Упадот на севернокорејскиот број се случи во време на зголемена воена активност на Северна Кореја во изминатите недели, вклучително и тестирањето на новата интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво на 14 април.