АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ГИ ЗАТВАРА ФАБРИКИТЕ НА ЕДЕН МЕСЕЦ !? Производството е стопирано – невиден скандал ја потресе позната компанија

Јапонскиот производител на автомобили Daihatsu ја прекина работата во сите свои фабрики во Јапонија по скандалот со мамење на државните тестови за сертификација.

Компанијата поседува четири фабрики во Јапонија и сите ќе бидат затворени еден месец почнувајќи од понеделник, според телевизијата NHK. Медиумите јавуваат дека по идентификувањето на 174 дефекти во 64 модели, одлучено е да се запре продажбата на сите модели на компанијата.

Минатата година Daihatsu произведе 920.000 автомобили, додека во следниот месец треба да произведе приближно 70.000 возила. Daihatsu исто така размислува да плати компензација за прекин на 400 изведувачи.

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen, да потсетиме, до Божиќ планира да претстави план за штедење, а медиумите пишуваат дека компанијата е принудена на драстични мерки и дека ќе следи тешката одлука за отпуштање.