Неколку модни совети за средовечни жени

Шминкање, облека, фризура – постојат многу техники на подмладување. Кога станува збор за модата, првиот совет гласи: да се избегнува преголема, широка облека. Но, тоа не значи откажување од удобните џемпери, туку – тие да се комбинираат на вистинскиот начин, истакнува Дејрдре Николас, „инфлуенсерка“ и моден стручњак за жени со над 50 години.

– Само погрижете се да ги споите со повеќе „ласкави парчиња“. За да изгледате помладо, комбинирајте удобност со стил. Широката облека која виси нема да Ви направи услуга и, без никаква дефиниција на телото, ќе направи да изгледате дури и постари. За оние кои сакаат да носат вакви парчиња облека, најдобра опција е да ги комбинираат со нешто тесно. Широк џемпер, на пр., оди со тесни фармерки или панталони, објасни стилистката.

Таа натаму советува и дека во гардеробата мора да се има фармерки коишто ќе придонесат за младешки изглед. Според Николас, тоа не треба да бидат широки фармерки, туку, најдобро – „ѕвонарки“. 

– Уште една подеднакво важна работа во врска со облекувањето е самодовербата. Не размислувајте за годините кога се облекувате! Ако може искрено да застанете пред огледалото, погледнете се во таа облека и кажете си: „Да, ова прави да се чувствувам добро и го сакам тоа -како изгледам во ова“, и – само напред!, додаде стилистката.

За крај, стручњакот уште еднаш истакнува: Носете го она што Ве прави среќни и да се чувствувате удобно – така ќе блескате.